Дербито од 22. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Пелистер и Работнички кои в недела од 14 часот ќе се игра во Охрид ќе го суди Димитар Мечкаровски од Скопје, одлучи денешната ждрепка во ФФМ.
Александар Ставрев ќе ја дели правдата на дуелот меѓу Вардар и Брегалница на „Телеком арената“, додека дуелот меѓу Шкендија и Победа во Тетово ќе го суди Дејан Јакимовски.
Охриѓанецот Марјан Маркоски ќе ја дели правдата на натпреварот во Кратово меѓу Силекс и Македонија ЃП, а Ристе Сејменов од Струмица ќе биде главен судија на натпреварот меѓу Шкупи и Ренова во Чаир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА