Мечкаровски ќе и суди на Црна Гора

Еден од нашите најдобри судии, интернационалецот Димитар Мечкаровски со одлука на Судискиот одбор на Црна Гора е одреден да биде главен судија на меѓународната пријателска средба меѓу Црна Гора и Унгарија што ќе се одигра во Подгорица на 5. септември. Ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов. Четврти судија ќе биде Јован Калуѓеровиќ од Црна Гора.

Во наредните две седмици ќе има пауза во националните првенства ширум Европа поради прозорецот на УЕФА за квалификациските натпревари за ЕП 2020.

Се вчитува...