Димитар Мечкаровски ќе ја дели правдата на пријателскиот натпревар меѓу Албанија и БиХ кој се игра во вторник од 18 часот.
42-годишниот судија ќе биде главниот делител на правдата на натпреварот во Елбасан, а ќе му помагаат Дејан Неделковски и Гоце Петрески.
Денеска, на интернационалната сцена правдата ја делеше и Александар Ставрев на квалификацискиот натпревар за СП 2018 меѓу Ерменија и Казахстан во Ереван, кој го добија Ерменците со 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА