Мечот Арсенал – Ливерпул дефинитивно одложен

Ковид-19 случаите во Ливерпул, го одложија натпреварот со Арсенал во рамките од Крабао Купот кој требаше да се игра утре. Станува збор за полуфинале, но по барањето на „црвените“ од Енфилд, челниците излегоа во пресрет и го одложиоја мечот.

Двајцата менаџери на Ливерпул, Јирген Клоп и Пеп Лијндерс се во изолација поради вирусот, а Салах, Мане и Кеита се со репрезентациите на Африканскиот Куп на Нации.

Новата ситуација придонесе да се смени и домаќинството. Првиот натпревар сега ќе се игра на Енфилд на 13. јануари, а реваншот седум дена подоцна на „Емирати“.

Денеска беше затворен и тренинг кампот на Ливерпул поради нови случаи на коронавирус.

Се вчитува...