Фудбалските репрезентации на Белгија и на Србија ќе го одиграат вечерашниот пријателски натпревар, и покрај најавите дека може да биде откажан поради лошите временски услови во Брисел.
Сепак, двете селекции се согласија поради сериозните врнежи, дуелот да се игра на друг стадион, а не на „Кинг Бодуен“ во Брисел, каде првично беше закажан. Мечот ќе се игра на „Ден Дерф“ во Лувен, и пред празни трибини.
„Официјално. Поради лошите временски услови и лошата ситуација со теренот на стадионот „Кинг Бодуен“ во Брисел, пријателскиот меч помеѓу Белгија и Србија ќе се игра на стадионот “Ден Дерф“ во Лувен без публика. Терминот останува непроменет, во 20:45 во среда. Секоја купена влезница ќе биде рефундирана во следниот месец“, соопшти фудбалскиот сојуз на Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА