Мечот Фјури-Џошуа во Британија ќе биде настан голем како финалето на СП во 1966

Легендарниот боксерски промотор, Френ Ворен, вели дека потенцијалниот дуел меѓу големите британски ѕвезди Тајсон Фјури и Ентони Џошуа во Велика Британија ќе биде настан голем колку и финалето на Светското фудбалско првенство во 1966 кога Англија ја освои титулата.

Боксерскиот свет сега е во очекување на „битката за Британија“ откако Фјури се врати на тронот во тешката категорија во ВБЦ верзијата детронизирајќи го Деонтеј Вајлдер. Но, неколку сериозни пречки стојат на патот до оваа голема борба, пред се обврзните борби со предизвикувачите како и договорениот римеч на Фјури со Вајлдер.

Џошуа пак има обврска да ги брани појасите во три верзии во тешка категорија во пресметка со бугарскиот боксер, Кубрат Пулев. Џошуа ги одбрани појасите победувајќи го предизвикувачот Енди Руиз во Саудиска Арабија, но за да оди на меч со Фјури секако ќе мора прво да се справи со Пулев. Сепак, познавачите вклучувајќи го и Ворен велат дека мечот меѓу Фјури и Џошуа би бил еден од најголемите дуели во светот на боксот воопшто.

 

Се вчитува...