Аргентинската влада одлучи да не ја испрати својата фудбалска репрезентација во Ерусалим, каде за в сабота беше закажан пријателскиот натпревар против Израел. Проценките се дека безбедноста на аргентинските фудбалери нема да им биде гарантирана максимално, откако Лионел Меси, но и други фудбалери, добиле смртни закани во пресрет на овој пријателски дуел.
„Остваривме разговори со челниците на АФА и одлучивме дека не е пожелно Аргентина во овој момент да гостува во Израел. Нашата земја секако ќе ги вложи сите свои напори за да овозможи Израел да живее во мир со своите соседи, и да има цврсти гаранции за државните граници“, соопшти Министерството за надворешни работи на Аргентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА