Полицијата во Зеница објави дека натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на БиХ и Италија, кој ќе се игра вечерва, се третира како настан со висок ризик, па затоа преземаат дополнителни безбедносни мерки додека илјадници навивачи се подготвуваат да пристигнат во тој град за да го гледаат натпреварот на кој ќе се одлучи кој тим ќе се квалификува за Светското првенство.
Фудбалерите на Босна и Херцеговина и Италија се среќаваат во финалето на плејофот како дел од квалификациите за претстојното СП, кое ќе се игра во САД, Мексико и Канада од 11 јуни до 19 јули.
Поради големиот интерес за тој натпревар и фактот дека сите заинтересирани навивачи нема да можат да влезат на стадионот, кој може да прими нешто повеќе од 13.000 гледачи, градската администрација на Зеница организираше заедничко гледање на натпреварот на телевизиските екрани во блиската спортска сала.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

