Натпреварот од кошаркарската Супер-лига меѓу Пелистер и Гостивар што требаше да биде одигран утре, е презакажан за понеделник со почеток во 19 часот.
Причина за одлагањето е трагичната смрт на спортскиот директор на КК Гостивар, Ѓорѓи Божиноски, кој почина денеска.
КК Гостивар побара, а Пелистер без размислување прифати – дуелот да биде презакажан и истиот ќе биде на програмата в понеделник.
КК Пелистер во оваа прилика искажува искрено сочувство до КК Гостивар и до семејството на Ѓорѓи Божиноски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

