Натпреварот на младата репрезентација на Македонија со Израел доцнеше 25 минути поради позитивен тест на главниот судија од Украина, Виктори Купиевски.
Купиевски беше заменет од четвртиот судија, поради што беше неопходно мало одложување на натпреварот.
Но, тоа негативно се одрази на момците на Благоја Милевски кои примија гол за водство од 0-1 на Израелците уште во 1. минута со голот на Јосефи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА