Дерби натпреварот меѓу Вардар – Шкендија кој ќе се одигра в недела од 14 часот на „Телеком Арена“ во Скопје е прогласен за натпревар од висок ризок. Претставниците на двата клуба денеска имаа состанок во просториите на ФФМ, а организаторот Вардар информира дека при купување на билет навивачите ќе мора да покажат и документ за лична идентификација.
ФК Вардар на претходниот дуел со Шкупи ја „одлежа“ суспензијата, и в недела љубителите на фудбалот ќе можат да присуствуваат на трибините на „Телеком Арена“. Согласно договорот од денешниот состанок меѓу двата клуба, нема да биде дозволено присуство на гостински навивачи на Шкендија.
Билетарницата на источната трибина на „Филип Втори“ ќе работи од четврток до сабота од 12 до 17 часот, и во недела на денот на натпреварот од 9 до 13:45 часот, односно до 15 минути пред почетокот на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА