Мечувалците од Македонија ќе настапат на светското кадетско првенство во Кина

Најдобрите македонски мечувалци- кадети, Огнен Бундалески и Петар Дамјаноски, овој викенд ќе настапат на Светското првенство во мечување за кадети и јуниори што ќе се одржи во градот Вукси во Кина.

По успешните настапи на европските купови и на Европското првенство, својата кадетска кариера ќе ја завршат на Светското првенство Кина. Петар Дамјаноски веќе се наоѓа во Кина, на подготвителен тренинг камп во организација на Светската мечувалечка организација, додека Огнен Бундалески последните подготовки ги имаше во Скопје под водство на националниот тренер и селектор Билјана Кузмановска-Николовска.

Се очекува својот квалитет двајцата мечувалци од Македонија да го потврдат и  на  најголемата мечувалечка смотра во Кина  за последен пат во кадетска категорија.

М.М

Се вчитува...