Атрактивни акции на двете страни го одбележаа првото полувреме од мечот МЗТ Скопје – Сплит, па така и нискиот плејмејкер на „металците“, Лестер Медфорд, во контранапад тргна на забивање на воодушевување на домашните фанови.
Да се биде во сала е „ин“, но се е попусто ако нема доказ – како селфи. Така, овие две девојки решија да се фотографираат за „доказ на своето присуство“, и тоа токму во моментите кога Американецот на МЗТ атрактивно ја заврши својата акција (како што може да се забележи во позадина на фотографијата).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА