Легендарниот американски кошаркар Меџик Џонсон им се извини на кошаркарите и на целата организација на Оклахома за недостатокот на доверба што ја имаше кога беше во прашање тој тим.
Пред почетокот на финалната серија од Западната конференција, Меџик ја избра Минесота за фаворит во дуелите против Оклахома, кој удобно победи со 4-1 и се најде во првото големо финале по 13 години.
„Би сакал да им се извинам на Оклахома затоа што ги потценив и не мислев дека се подготвени да се борат за шампионски прстен“, напиша Џонсон на социјалните мрежи, дополнувајќи:
„Би сакал да им честитам на тренерот Марк Дагнолт, како и на МВП Шеј Гилџус Александар и на остатокот од тимот за пласманот во финалето на НБА.“
Покрај наградата ‘МВП на Мајкл Џордан’ за најдобар играч во регуларниот дел од сезоната, Шеј ја освои и наградата за најдобар играч во финалето на Западната конференција, која го носи името токму на Меџик Џонсон.
„Му честитам за освојувањето на наградата за најкорисен играч (МВП) со моето име на неа. Она што ми се допаѓа кај него е што доминира на теренот, а е скромен надвор од него“, заклучи Меџик.
Освен Минесота, Џонсон ги избра Никсите како фаворити на Истокот пред почетокот на финалето на конференцијата. Во овој момент, Индијана води со 3-1, а поранешниот кошаркар на ЛА Лејкерс, се чини, наскоро ќе мора повторно да се извини.
I want to apologize to the Oklahoma City Thunder for underestimating them and not thinking they were ready to compete for a Championship.
— Earvin Magic Johnson (@MagicJohnson) May 29, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

