Меџик и Леброн го убедуваат Каваи да се врати во Калифорнија

Бомбастичната најава дека Каваи Ленард во Пакет со Кајри Ирвинг се договорил за трнасфер во Бруклин и дека за тоа ќе добие 164 милиони долари и натаму нема потврда. Затоа шпекулациите околу иднината на најкорисниот играч на финалната серија и натаму се во фокусот иако неговиот табор прави буквално се информации да не протекуваат.

Во тоа помагаат и двата клуба од Лос Анџелес, „клиперс“ и „лејкерс“ кои го заштитуваат Ленард, а прават се да го доведат во своите редови.

Во името на „лејкерс“, агитираат Меџик Џонсон и Леброн Џемс. Каваи уште минатото лето најави дека сака да се врати во родната Калифорнија. Затоа клубовите од Лос Анџелес сметаат дека имат адут. „Лејкерс“ нудат супер тим со Џејмс и со Ентони Дејвис. „Клиперс“ пак му ја нудат позицијата на главен играч во тимот која веројатно не би ја имал кај градскиот ривал.

Торонто пак и натаму се надева дека Ленард ќе остане во Канада. Актуелниот шампион понуди се што можеше и имаше за да го задржи.

Се вчитува...