Медина донесе победа за Аргентина, Франција со неверојатен пресврт до триумф со Јужноафриканците.. (ВИДЕО)

Селекцијата на Аргентина дојде до првата победа на Олимписките игри во Токио, славејќи со 1-0 против Египет.

Победата за Аргентинците ја донесе Медина со голот во 52. минута од средбата.

 

Франција, пак, во три наврати имаше негатива против Јужноафриканската република, но со голот на Савание во 92. минута успеа да дојде до победа од 4-3.

Претходно Французите имаа негатива и од 1-2, но Жигњак во 79. минута израмни на 2-2. Мокоена во 81. минута донесе предност од 2-3 за Јужноафриканците, а Жињак од пенал во 85. минута израмни на 3-3, пред потоа да следи конечната победа.

Хондурас со пресврт славеше со 3-2 против Нов Зеланд благодарение на голот на Ривас во 87. минута.

Се вчитува...