Медисон и Кулушевски му донесоа нова победа на Тотенхем (ВИДЕО)

Тотенхем ја оствари првата гостинска победа сезонава, откако ја совлада екипата на Борнмут со 0-2. Лондончани ја продолжија победничката серија, откако минатото коло го совладаа тимот на Манчестер Јунајтед.

Победата на лондонските „бели“ ја донесоа головите на Медисон во 17. минута и на Кулушевски во 63. минута.

Борнмут остана со само еден освоен бод, додека Тотенхем со седум бодови има добар старт во Премиерлигата и пред денешните натпревари од 16 часот се на првото место на табелата.

Се вчитува...