Медитеранскиот тим го развиори македонското знаме во Оран (ФОТО)

Македонскиот тим на Медитеранските игри во Оран, Алжир вечерва продефилира на церемонијата на свеченото отворање.

Македонското знаме на отворањето го развеаја таеквондистот Дејан Георгиевски и каратистката Симона Заборска.

Медитеранскиот тим брои 114 членови од кои 77 се спортисти што е убедливо најголема бројка на наши спортисти на еден ваков спортски самит.

Натпреварите на игрите почнуваат утре, а први од нашите спортисти кои ќе настапат ќе бидат каратистите, како и женската одбојкарска репрезентација која по десет години пауза се враќа на големите настани.

Се вчитува...