Медицинско чудо: Леверт нема скршеница, ќе игра кошарка сезонава

Страшно делуваше повредата што Карис Леверт ја заработи на синоќешниот меч меѓу Бруклин и Минесота, по која кошаркарите на двата тима делуваа шокирано по тешкиот пад на членот на нетси.

На прв поглед се чинеше дека станува збор за страшна скршеница, но деталните прегледи покажаа дека Леверт е медицинско чудо. Имено, тој нема никаква скршеница на ногата и станува збор само за дислокација на зглобот.

Овој кошаркар го очекува повеќемесечна пауза, но нема да мора да оди на операција, па според клупските лекари тој речиси сигурно ќе може да се врати на терените во текот на оваа сезона.

Се вчитува...