Бугарските медиуми критички кон својот шампион Лудогорец, по поразот во Скопје од екипата на Шкендија со 2-1, со што тимот од Разград се оддалечи од групната фаза во Лигата на Европа.
Главно критиките се насочени кон стручниот штаб за многуте измени во тимот (дури шест од натпреварот со Ференцварош) и катастрофалната игра.
„Со оглед на прикажаното на теренот, домаќините заслужено се радуваа на триумфот, а Лудогорец уште еднаш покажа дека не може да игра повеќе од 30 минути во пристојно темпо. Во првите 30 минути дозволија многу шанси кон нивниот гол. После полувремето физички паднаа, и поседот целосно беше на страната на Шкендија. Настапите на голем дел од играчите на Руи Мота треба сериозно да го загрижат раководството на клубот, затоа што има неверојатни тешкотии при елементарните работи, како и со додавањата“, пишува „Спортал“.
„Дефанзивата беше на ниско ниво, како и во сите европски мечеви. Беспомошноста на орлите ја покажува играта на 38-годишнио Ибраими. Освен што постигна гол, на крајот од мечот направи пробив по аут линијата, а тројца играчи на Лудогорец излегоа смешни покрај него“, пишува „Спортал“.
И покрај критиките, медиумите кај источниот сосед напоменуваат дека Лудогорец ќе нема проблеми на реваншот да победи со повеќе од еден разлика, само доколку сериозно си ја сфати работата и не ги повтори грешките од Скопје. Дел од медиумите напоменуваат дека Лудогорец треба да размислува да го врати на кормилото Игор Јовичевиќ кој минатата сезона ја водеше екипата до нова титула, а претхдоно беше тренер во Шахтјор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

