Манчестер Сити вчера направи голем чекор кон 1/2 финалето во Лигата на шампионите откако го совлада Баерн Минхен со 3-0. Головите ги постигнаа Родри во 27. минута, Силва во 70. и Халанд во 76. минута. Имаше Сити уште неколку одлични шанси за поголема победа, но и Баерн на стартот од вториот дел можеше да погоди и да израмни.
На поразот на својата екипа „влијаеше“ и Дајот Упамекано кој во вториот дел делуваше загубено и одигра катастрофално. Токму по неговата грешка Сити дојде до 2-0, а потоа кога концетрацијата беше на минимално ниво, и Халанд зголеми на 3-0.
Светските медиуми, особено „Мундо Депортиво“ кој жестоко удри по францускиот дефанзивец.
„Потпишал за Манчестер Сити. Правеше неверојатни грешки, неверојатно е тоа што го играше. Ако сте гледале како игра, ќе помислете дека е далтонист, затоа што не разликува кој игра. Мислел дека носи син, а не црвен дрес“, објави „Мундо“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

