Медведев е во полуфиналето, Јубенкс испушти шанса за нова сензација

Данил Медведев се пласираше во полуфиналето на Вимблдон откако по голема битка успеа да го совлада најпријатното изнендување на досегашниот дел од турнирот, Американецот Крис Јубенкс со 3-2 во сетови.

Јубенкс беше многу блиску до нова сензација откако во минатата рунда го елиминираше Циципас, откако американскиот тенисер поведе со 1-2 во сетови и беше на прагот да испише историја и да стане само трет во историјата на Вимблдон кој на дебито на овој турнир успеал да стигне до полуфиналето (по Џон Мекинро и Давид Налбандијан).

Сепак, Медведев покажа карактер и квалитет, во четвртиот сет славеше во тајбрејк со 7-4, а потоа во решавачкиот сет експресно успеа резултатски да се одлепи и да триумфира со конечни 6-1.

Ривал на рускиот тенисер во полуфиналето ќе му биде победникот од мечот Алкраз – Руне.

Се вчитува...