Медведев елиминиран на стартот на Ролан Гарос, Зверев според планот, малер за Димитров

Слабата форма на Данил Медведев на земјена подлога беше потврдена и на самиот почеток на Ролан Гарос, каде рускиот тенисер беше елиминиран уште во првото  коло од Камерон Нори, во епска битка што траеше пет сета.

Нори почна одлично и поведе со 2-0 во сетови, но Русинот покажа карактер, не се предаде и стигна до израмнување на 2-2. Медведев потоа беше подобар ривал и во решавачкиот сет, имаше сервис при водство од 5-4, но потоа следеше целосен колапс, Нори освои три гејма во серија и се пласираше во следната рунда.

Александар Зверев рутински ја заврши својата работа на стартот, славејќи над американскиот тенисер Тиен со 3-0 во сетови.

Григор Димитров се соочи со огромен малер, откако бугарскиот тенисер заработи повреда, па беше принуден да го предаде мечот со Американецот Квин иако во тие моменти имаше предност од 2-1 во сетови.

Се вчитува...