Младиот руски тенисер, Данил Медведев даде интересна изјава, во која откри дека како мал секогаш навивал против Роџер Федерер и Барселона. Медведев не ги поднесувал тие кои што секогаш победувале, па поради тоа Федерер и Барселона ги мразел.
„Кога имав десет години го мразев Федерер. Не го поднесував тоа што секогаш победуваше. Од прво коло навивав за неговите противници. Кога Барселона ги освојуваше сите трофеи, очајнички посакував да загубат. Сега сум фокусиран сам на себе и другите не ме интересираат. Ако испаднам во првото коло сеедно ми е дали на крајот трофејот ќе го освои Федерер, Надал или Ѓоковиќ“, изјави Медведев.
23-годишниот Русин моментално се наоѓа на 13. позиција на АТП листата, а досега во кариерата освои четири трофеи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА