Данил Медведев го остври најголемиот успех во кариерата стигнувајќи до првиот гранслем трофеј – титулата во Синсинати. Откако во полуфиналето го елиминираше првиот носител Новак Ѓоковиќ, рускиот тенисер во големото финале беше подобар и од Давид Гофан од Белгија, славејќи со 2-0 во сетови.
Првиот сет беше решен во тајбрејк што Медведев го доби со 7-3, за веднаш потоа Русинот да стигне до брејк на стартот од вториот сет и да ја одржи предноста до самиот крај и конечните 7-6, 6-4.
Ова е втора титула за Медведев годинава по освоениот трофеј во Софија, а рускиот ас имаше и четири загубени финалиња, во Монтреал, Вашингтон, Барселона и Бризбејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА