Медведев го реши британскиот дебитант

Данил Медведев се пласираше во второто коло на Вимблдон откако денеска славеше над домашниот дебитант, 20-годишниот Артур Фери со 3-0 во сетови. Фери стигна до деби на Вимблдон иако се наоѓа на 391. место на АТП-листата, а младиот Британец имаше блескави моменти за време на мечот, добивајќи заслужени аплаузи од публиката на централниот терен. Сепак, квалитетот на Медведев беше пресуден за рускиот тенисер да слави без загубен сет, со конечни 7-5, 6-4, 6-3.

Пласман во следната рунда обебеди и Григор Димитров, кој со максимални 3-0 во сетови го совлада Јапонецот Шимабукуро, како и Чехот Лехецка, кој со 6-4, 6-4, 6-4 славеше на својот дуел против Офнер од Австрија.

На женскиот дел од турнирот, осмата носителка Сакари беше елиминирана иако го доби првиот сет со убедливи 6-0, откако грчката тенисерка ги загуби следните два од Костјук од Украина со 5-7 и 2-6. Пласман во второто коло обезбеди и Дона Векиќ по победата од 6-2, 6-3 над Жанг, како и Касаткина, која беше убедлива во пресметката против Британката Бураж со 6-0, 6-2.

Се вчитува...