Данил Медведев продолжи со одличните игри октако рускиот тенисер се пласираше во големото финале во Виена. Тој во денешната полуфинална пресметка го совлада Циципас со 2-0 во сетови, стигнувајќи до своето деветто финале во 2023 година. Воедно, ова беше 64. победа на Медведев во 2023, што е моментален рекорд за оваа календарска година ако се знае дека Карлос Алкараз ма 63 триумфи.
Денешниот меч донесе израмнета борба, Циципас пропушти две брејк топки, а казната стигна во седмиот гејм, кога Медведев стигна до брејк и рутински го доби сетот со 6-4. Во вториот сет беше уште поизрамнет, Медведев не искористи неколку брејк шанси, но Русинот затоа беше посмирен во тајбрејкот и заслужено се пласираше во финалето, каде ќе се сретне со подобриот од дуелот Рубљов – Синер.
Интересно, Медведев има 20 трофеи во кариерата, но ниту еднаш не му се случило да има два пехари од еден ист турнир, нешто што конечно ќе му успее ако триумфира на утрешното финале во Виена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

