Медведев „исчистен“ од Де Минор во Монте Карло, Циципас демонстрираше сила

Рускиот тенисер Данил Медведев e запрен во осминафиналето на Мастерсот во Монте Карло. Австралиецот Алекс Де Минор беше подобар од него, победувајќи со 6-2, 6-2, по еден час и 13 минути игра.

Медведев ги доби воведните два меча, по три сета и триумф над Карен Хачанов и Александар Милер, но немаше шанса против Де Минор.

Де Минор во следното коло ќе игра против Григор Димитров кој во три сета го победи Алехандро Табил.

Лоренцо Музети го совлада сонародникот Матео Беретини (6-3, 6-3) и во четвртфиналето ќе игра со грчкиот тенисер Стефанос Циципас кој го декласираше Нуно Борхес победувајќи убедливо со 6-1, 6-1.

Се вчитува...