Медведев ја освои 22-та титула во 22-от град во светот!

Данил Медведев ја стартуваше 2026 годинасо освојување на титулата на АТП турнирот во Бризбејн. Ова беше 22-ра титула во кариерата на рускиот тенисер, интересно, во 22-риот негов различен град.

Во финалето во Австралија, Медведев беше подобар во два сета со 6-2, 7-6, од Накашима, кој останува само на една титула од четирите одиграни АТП финалиња.

Претходно, за време на турнирот од серијата 250 во Бризбејн, Русинот беше подобар од Фукович, Тијафое, Мајшак и Микелсен.

Се вчитува...