Рускиот тенисер Данил Медведев неодмана ја имаше тренерската улога на Лејвер купот каде му даде и вредни совети на Александар Зверев па беше запрашан од страна на новинарите дали се гледа себе си во оваа улога и во иднина.
Медведев не крие дека размислува за тоа, но како што вели прво ќе ја заврши играчката кариерата па ќе размисли за иднината.
„Мислам дека можам да бидам тренер. Ќе зависи од тоа со што ќе сакам да се занимавам во животот по тениската кариера. Зависи од повеќе работи, но можно е. Ми се доаѓа животот на тур. Ако бидам тренер сепак најверојатно нема да патувам 40 седмици како до сега, малку помалку, но би можел да го работам тоа. Не сум сигурен дали ќе бидам добар, но би можел да се пробам“, вели Медведев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА