Рускиот тенисер Даниил Медведев изјави дека е подготвен да се натпреварува под неутрално знаме на Олимписките игри во Париз.
Меѓународниот олимписки комитет го укина правото на руските спортисти да се натпреваруваат под нивното знаме по инвазијата на таа земја во Украина.
Медведев, сепак, нема проблем да ја претставува својата земја дури и ако тоа значи дека нема да може да го вее знамето на својата земја на најголемата спортска смотра.
„Ако можам, ќе бидам таму ќе играм и во сингл и во двојки. Што се однесува до неутралното знаме, ќе ги почитувам правилата. Ако треба да играм под неутрално знаме, ќе играм и ќе се обидам да се натпреварувам и да победам тоа е сигурно“, рече Медведев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

