Александер Зверев го совлада Данил Медведев со 2-0 по сетови 6-4 и 7-6 и се пласираше во полуфиналето на завршниот мастерс кој се игра во „О2“ арената во Лондон.
Со победата на Надал против Циципас, Русинот ги загуби шансите за пласман меѓу четворицата најдобри, па поради тоа и немаше некој мотив против Зверев, кого само победа го носеше во полуфиналето.
Во полуфиналето ќе се сретнат Стефанос Циципас – Роџер Федерер и Доминик Тим – Александар Зверев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА