Медведев: Пензија не ми паѓа ни на памет, ми требаат пари

Рускиот тенисер Данил Медведев од година во година бележи се поголем пад во кариерата. Нема освоено титула од мај 2023 година во Рим, не знае за финале во последните 11 месеци, а и покрај последниот пораз од Италијанецот Белучи во второто коло во Ротердам не размислува за пензија.

Медведев кој во кариерата заработи нешто повеќе од 45 милиони евра вели дека го сака тенисот, а и сака уште да заработува од него.

„Воопшто не размислувам за повлекуваање. Го сакам тенисот, сакам да заработам повеќе пари, така да сигурно ќе играм. Можеби ќе се пензионирам ако испаднам од првите 100 на светот, но тоа најверојатно нема да се случи. Сигурен сум дека ќе ја вратам врвната форма како некогаш“, изјави Русинот.

Се вчитува...