Медведев по контроверзниот пораз на УС Опен: Секогаш не казнуваат истите…

Данил Медведев разочара и на последниот грен-слем на сезоната – УС Опен губејќи на самиот старт од Бенџамин Бонзи во драматичен меч во кој видовме и несекојдневна ситуација, фотограф да го прекине мечот, а судијата да го врати промашениот сервис на протвиникот по што рускиот тенисер одговори во свој стил – полуде па дополнително се мотивираше, успеа и магично да се врати од „мртвите“, но не доволно за пласман во следната фаза.

Со овој пораз Медведев ја заврши разочарувачката грен-слем сезона во која некогашиот врвен ас забележа само една победа на најголемите турнири.

По мечот даде и свое мислење за контроверзијата велејќи дека очекуваа казна бидејќи тој е еден од тенисерите кои често подлежат под санкции.

„Појма немам каква ќе биде казната, но на публиката очигледно тоа и се допадна повеќе отколку на останатите. Денеска не направив ништо лошо, но очекувам и Бонзи да добие казна бидејќи доби неверојатно многу совети од тренерот, така да повеќе не се знае дали тоа е дозволено или не. На крајот на денот секогаш казнети сме истите тенисери, Кирјос, Бублик, јас.. па дури и Опелка и покрај тоа што е добар дечко, но не им се допаѓа“, изјави Медведев.

Се вчитува...