Медведев по завршувањето на соработката со тренерот: Не беше лесно да донесам таква одлука

Данил Медведев се појави пред новинарите за прв пат во Хангжу по одлуката да ја прекине соработката со Жил Сервар, францускиот тренер, со кого ги постигна сите најголеми успеси во кариерата.

„Не беше лесна одлука“, рече Русинот, кој за осум години соработка со Французинот беше прв во светот, го освои Отвореното првенство на САД и играше во уште пет финалиња на гранд-слемите, но во последните сезони беше очигледно дека неговата кариера тоне сè побрзо и побрзо.

Тој нема освоено турнир од лани кога славеше во Рим, моментално е рангиран на 18. место на светската ранг-листа, има само една победа на најголемите натпреварувања оваа сезона. Последниот натпревар беше последната капка. Тој го „прослави“ поразот против Французинот Бонзи во Њујорк со голем инцидент, беше очигледно дека веќе не е ниту психолошки способен да продолжи.

По неколку дена, ги избра Томас Јохансон и Рохан Геке да бидат негови нови тренери.

Се вчитува...