Рускиот тенисер Данил Медведев ја оправда фаворитската улога и се пласираше во четвртфиналето од олимпискиот турнир, совладувајќи го Фабио Фонини со 6-2, 3-6 и 6-2.
По мечот вториот рекет на светот се соочи со невообичајна ситуација на прес-конференцијата за медиуми на која еден новинар го праша тенисерот што мисли за тоа што многумина велат дека Русите мамат, по што следеше жестока реакција од Медведев.
„Прв пат во животот нема да одговорам на прашање. Треба да ти е срам“, изјави тенисерот кој потоа се обрати и на организаторите.
„Мислам дека треба да му забраните да биде на Олимписките игри. Не сакам да го видам тука уште еднаш“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

