Познати сите полуфиналисти во Индијан Велс: Медведев после „драма“, Алкараз полесно меѓу најдобрите четири

Холгер Руне и Данил Медведев ќе играат во првото полуфинале на Индијан Велс, а Карлос Алкараз ќе игра против Британецот Џек Дрејпер во втората полуфинална пресметка.

По драмата, Даниил Медведев го надигра светскиот рекет број 21, Артур Филс со 2-1 во сетови 6-4, 2-6, 7-6 (9).

Ретко кој го очекуваше ваков расплет на мечот, посебно по првиот сет на Медведев. Но, Филс одлично играше и го доби вториот а потоа поведе и со големи 2-4 во третиот сет.

Медведев го направи клучниот брејк и го израмни резултатот на 4-4, од каде отиде во тај-брејк бидејќи немаше повеќе изненадувања, од каде се пласираше во полуфиналето на Индијан Велс.

Противник на Медведев во полуфиналето ќе биде данскиот тенисер Холгер Руне се пласираше во полуфиналето откако го победи 43-то светски тенисер Холанѓанецот Талон Грикспур.

Победата ја оствари по три сета, 5-7, 6-0, 6-3, а победата ја оствари по два часа и девет минути игра.

Карлос Алкараз, пак, продолжи да реди победи без загубен сет на Мастерсот во Индијан Велс, каде има серија од 16 победи едноподруго.

Шпанецот беше подобар од Франсиско Серундоло со 6-3, 7-6, и се најде полуфиналето каде ќе се сретне со Британецот Џек Дрејпер на кого тоа ќе му биде прво полуфинале во кариерата на турнир од Мастерс 1000 серијата.

Дрејпер во четвртфиналето го победи Американецот Бен Шелтон во два сета, со 6-4 и 7-5.

Се вчитува...