Русинот Данил Медведев продолжува со неверојатните партии во новата 2021 година. Тој во четвртфиналето на првиот гранд-слам во годината, Австралија опен со максимални 3-0, по сетови (7-5, 6-3 и 6-2) беше подобар од сонародникот, Андреј Рубљов.
Рубљов успеа да пружи отпор само во првиот сет кој го изгуби со 7-5, додека во следните два Медведев рутински ја заврши работата за ново полуфинале во кариерата. Таму Медведев ќе се сретне со подобриот од последното четвртфинале меѓу Рафаел Надал и Стефанос Циципас.
Првата носителка Ешли Барти доживеа неочекуван пораз, откако во четвртфиналето беше по пресврт поразена од одличната чешка тенисерка, Каролина Мухова со 2-1 (1-6, 6-3 и 6-2). По лесно освоениот прв сет, следуваше голем пад на Барти, кој Мухова го искористи и стигна до полуфинале. Таму таа ќе игра со Џенифер Брејди, која во американското дерби беше подобра од Џесика Пегула со 2-1 (4-6, 6-2 и 6-1). Првото полуфинале го сочинува парот Наоми Осака – Серена Вилијамс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

