Рускиот тенисер, Данил Медведев е последниот патник во полуфиналето на претпоследниот мастерс од серијата 1000 кој се игра во кинескиот град, Шангај.
Русинот во последното четвртфинале славеше против Австралиецот, Алекс де Минор со макисмални 2-0, по сетови 6-4 и 6-4.
Во полуфиналето Медведев ќе игра со Французинот Артур Риндеркнеш кој беше подобар од Канаѓанецот, Феликс Оже-Алиасим. Во второто полуфинале се среќаваат најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ и сензацијата од Монте Карло, Валентан Вашеро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

