Данил Медведев претрпе неочекуван пораз на самиот старт од Мастерс-турнирот во Мајами, каде рускиот тенисер настрада веќе во второто коло. Медведев важеше за голем фаворит во дуелот со Мунар, но рускиот тенисер целосно потфрли, па неговиот ривал доминираше на терент и стигна до убедлива победа од 6-2, 6-2.
Мунар моментно се наоѓа на 56. место на АТП-листата, но вечерва одигра на високо ниво и заслужено стигна до убедлива победа. Негов следен противник ќе биде подобриот од дуелот меѓу Монфис и Лехечка.
Медведев во свој стил се обиде вината да ја насочи кон други работи, се жалеше на квалитетот на топчињата, но тоа беше слаб изговор за ова потпросечно издание во кое Русинот немаше ниту една брејк-шанса, камоли да го освои сервисот на противникот.
Каспер Руд по голема борба славеше над Кецмановиќ со 2-1 во сетови, a Хачанов со 7-6, 6-0 го совлада Кириос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА