Медведев шокиран во Париз, го фрли рекетот десет метри во височина (Видео)

Данил Медведев е уште еден во низата фаворити кои прерано го завршија настапот на Мастерс-турнирот во Париз откако рускиот тенисер беше поразен на денешниот дуел со Попирин.

Мечот траеше два часа и 31 минута и на крајот заврши со триумф од 2-1 на Австралиецот Попирин, кој во решавачкиот сет во тајбрејк триумфираше со 7-4, продолжувајќи ги настапите на овој турнир. Медведев повторно одигра под своите можности, а по една од неколкуте големи грешки Русинот ги загуби нервите, па реши да го фрли рекетот.

Само што не го удри од земја, туку во височина… рекетот на изненадување на фановите леташе десетина метри, за на крајот низ рацете на Медведев да падне на земја.

На останатите мечеви oд почетокот на денешната програма Григор Димитров славеше со 2-1 над Ечевери, додека домашниот тенисер Риндеркнеш беше подобар од Микелсен со 7-6, 7-6.

Се вчитува...