Медведев сигурно до четвртфинале во Аделаид

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во австралиски Аделаид откако во осминафиналниот дуел славеше над Србинот, Миомир Кецмановиќ.

Поранешниот најдобар тенисер во светот без проблеми ја мина втората пречка на турнирот во австралискиот град откако славеше со максимални 2-0, по сетови 6-0 и 6-3. Медеведев на Србинот не му дозволи ниту еден гем во првиот сет, додека во вториот рутински славеше со 6-3.

Во четвртфиналето Медведев ќе игра против својот сонародник Карен Хачанов.

Се вчитува...