Медведев: Скратете ги мечевите на гранд-слемовите, па ова телото не може да го издржи!

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во второто коло на Вимблдон по победата на стартот на американскиот тенисер Ковачевиќ.

Но, по мечот Медведев имаше интересен предлог за организаторите на гранд-слем турнирите.

„Би требало мечевите на гранд-слем турнирите да се играат исто на два добиени сета. Пет сета е премногу за телото, многу повеќе повреди има на вакви мечеви. А мислам и на телевизиите повеќе им одговараат пократки мечеви“ – рече Медведев.

Се вчитува...