Медведев: Тенисот е ср**ње од спорт

Рускиот тенисер Данил Медведев не успеа да стигне до трофејот на првиот мастерс во сезоната – Индијан Велс. Во големото финале претрпе пораз од Карлос Алкараз од 2-0 (7-6, 6-1) и покрај тоа што одлично го започна првиот сет.

Големо внимание привлече една реакција од финишот на вториот сет по која темпераментниот Русин беше незадоволен од „застарената технологија“ па изнесе вулгарно мислење за состојбата на тенисот по крајот на мечот.

„Мислам дека постојат некои работи во тенисот кои се застарени. Сега нема линиски судии, и океј, топката е добра го знам тоа, имаме систем кој следи во живо. Но, бев во фазон – дај покажи ми. Само покажи ми. Судијата може да ми покаже на „ајпадот“, но мислам на тоа што не може да ми врати неколку удари поназад. Во 2024 година сме, луѓето одат во вселената. 

На телефон ми излегуваат работи за кои говорам со пријателите, а не може судијата да ми покаже трага од пред три удари? Не барам нешто посебно“, изјави Медведев.

Се вчитува...