Рускиот тенисер Данил Медведев стигна до тешка победа на стартот на првиот гранд-слем турнир во сезоната Австралија опен. Русинот во 1. коло се намачи против 418. тенисер во светот, Касидит Самрај од Тајланд.
Медведев во маратонски меч славеше со 3-2, по сетови 6-2, 4-6, 3-6, 6-1 и 6-2. Во второто коло Медведев за противник ќе го има американскиот квалификант Лирнер Тиен.
Во 2. коло денеска пласман обезбедија и: Руне, Кецмановиќ, Хуркач, Фриц, Монфис, Хачанов, Беретини…
Кај дамите првата рунда без проблеми ја минаа: Рибакина, Радучану, Анисимова, Наваро, Кис…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА