Со елиминацијата на Новак Ѓоковиќ и Карлос Алакараз, Данил Медведев падна во преден план, покрај Јаник Синер, за освојување на УС Опен.
Медведев во третото коло го совлада Флавио Коболи, а шампионот од 2021 година победи со резултат 6:3, 6:4, 6:3, по нешто помалку од два и пол часа игра.
„Има многу висока влажност и затоа е тешко да се игра. Условите се многу тешки, морам да бидам внимателен во следните натпревари “, изјави Медведев.
Сепак, Русинот не смета дека тоа што ги нема Србинот и Шпанецот игра голема улога во понатамошниот тек на натпреварувањето.
„Тие изненадувања не ми значат ништо. Ако играм добро, можам да победам секого. Ако играм лошо, можам да загубам од секого. Едноставно треба да играм најдобро што можам и да се обидам да ја освојам титулата “, додаде Русинот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

