Медведев загуби сет, но избори осминафинале на Ролан Гарос

Рускиот тенисер Данил Медведев продолжи со добрите игри на вториот гранд-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос откако денеска успеа да обезбеди пласман меѓу шеснаесетте најдобри на турнирот во Париз.

Русинот во третото коло со 3-1, по сетови 7-6, 7-5, 1-6 и 6-4 славеше над Чехот Томас Махач, кој минатиот петок во Женева во полуфиналето беше подобар од најдобриот тенисер, Новак Ѓоковиќ.

Во осминафиналето Медведев ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Де Минор и Штруф.

Се вчитува...