Мега дерби во третото коло од ФА Купот

Ждрепката за третото коло од англискиот ФА Куп донесе мега дерби во кое силите ќе си ги одмерат Арсенал и Ливерпул на „Емирати“, а суперинтересно ќе биде и во средбата помеѓу Кристал Палас и Евертон.

Од останатите премиерлигаши Манчестер Сити силите ќе си ги одмери со Хадерсфилд, Челси ќе се сретне со Престон, а Тотенхем ќе игра со Барнли. Вест Хем Јунајтед го очекува средба со Бристол, Фулам ќе се натпреварува со Ротерхам

Натпреварите од третата рунда се закажани за 6. јануари 2024 година.

Се вчитува...