Манчестер јунајтед наводно подготвува нов мега-договор за Давид Де Хеа, со цел да ги осигураат услугите на шпанскиот голман и во следните сезони. Понудата е петгодишен договор и вртоглави 350.000 фунти неделно, така што Де Хеа ќе стане вториот најплатен играч во редовите на „црвените ѓаволи“.
Според англиските медиуми преговорите треба да започнат овој месец, а се очекува 27-годишниот чувар на мрежата да потпише пред почетокот на Светското првенство во Русија.
Заминувањето на Златан Ибрахимовиќ ослободи голем дел од средствата наменети за плати на играчите, па затоа раководоството може да си дозволи волкава голема понуда. Де Хеа веќе извесно време е мета на Реал Мадрид, а токму овој договор ќе ги разреши сите дилеми околу неговата иднина, причина повеќе за клубот да биде „дарежлив“ при обновувањето на соработката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА