Мега дуел на Дончиќ и Јокиќ – Далас подобар од Денвер (ВИДЕО)

Неверојатен натпревар одиграа Денвер Нагетс и Далас Маверикс кој гостите го добија со 117-124. Фантастична вечер имаа Лука Дончиќ и Никоја Јокиќ. Словенецот го водеше Далас до победа со 38 поени, надополнети со 13 асистенции и девет скока. Ист број на поени уфрли и Никола Јокиќ кој имаше и 11 скока и четири асистенции.

Шампионот Лос Анџелес Лејкерс загуби на домашен терен од Сан Антонио со 109-118. Ламаркус Олдриџ со 28 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај Лејкерс Леброн Џејмс заврши со 27 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда Бруклин – Филаделфија 122-109, Мемфис – Кливленд 90-94 и Портланд – Минесота 135-117.

Се вчитува...